Методологија

MOMENTIS работи според aкредитирана тренинг програма за коучинг ACTP (Accredited Coaching Training Program) од Меѓународната коучинг федерација ICF која го задоволува таканаречениот златен стандард на коучингот. Методологијата зад MOMENTIS е најефикасниот пристап за работа во коучингот денес, познат како коучинг фокусиран кон решенија. Претставува брз и ефикасен начин за постигнување на резултати, причина поради која е се по популарен во светот на бизнисот. Клиентот е во фокусот на коучинг процесот и преку структуиран разговор, помогнат со конкретни алатки и техники, наместо да се концентрира на минати искуства или причини за актуелни состојби се придвижува кон посакуваната цел. До целта стигнува преку конкретни чекори кои водат до фундаментални промени во став, однесување и навики што ја прави методологијата ориентирана кон акција или делување. Овој тип на коучинг е и системски, што подразбира креирање целосна слика за клиентот комплетно верувајќи на неговите квалитети, способности, план и цели.

proces

Процес

Коучингот e процес на работа во кој учествуваат две страни: коучот од една и клиентот (индивидуалец или компанија) од друга. Во процесот се користат оригинални техники, алатки за процена и методи со кои се будат скриените потенцијали и ресурси на клиентот. Преку структуиран разговор воден преку прашања, коучот му овозможува на клентот да истражи повеќе и самиот да стигне до вистинскиот одговор или решение на за него битен предизвик.

cel

Цел

Основната цел на коучингот е да се унапредат резултатите и учинокот на клиентите во најразлични деловни и животни области.Коучингот има улога на покренувачка сила која ги ослободува човечките потенцијали за создавање на нови и покреативни идеи, модели и однесувањa кои водат кон успех.

zadaca

Задача на коучот

Задача на коучот e јасно и непристрасно да го подржи клиентот при поставување на конкретни цели, креирање на решенија и менаџирање на лични промени. Развојот e клучниот елемент на коучингот. Равојот го дефинираме како континуиран процес на растеж и учење, па во согласност со оваа дефиниција, целта на коучингот можеме да ја дефинираме и како личен и професионален развој на поединецот со асистенција на коучот.

Коучите се експерти во процесот на менување на шеми во размислувањето и однесувањето. Ваквиот пристап и докажано претставува најдобар метод за работа со клиенти кога како цел се поставува личниот развој.

Дали сте Вие клиент?

Коучингот најдобро функционира со оние клиенти кои се стремат да бидат подобри на професионален или приватен план a во секојдневието сакаат да воведат определена култура на живеење. Таа култура изискува посветеност, трпеливост, одлучност, истрајност и свесност. За возрат наградува со врвни резултати.

Tаквите поединци или компании најчесто знаат што сакаат и за нив не постојат проблеми туку предизвици, кои доколку правилно се постават и решат, би им овозможиле простор за понатамошен напредок.

Вербата дека можат да растат и позитивно да се развиваат ги прави овие клиенти смели и подготвени за нови предизвици и промени, а коучинг процесот се одвива лесно и ја постигнува посакуваната цел. Затоа коучингот може да се дефинира како стратегија на храбрите во постигнување на ВРВНИ резултати.

Што да очекувате?

  • Искачување на повисоко скалило во кариерата
  • Исполнетост на работното место
  • Зголемено ниво на самодоверба, животна енергија и мотивација
  • Дефинирање на лична цел и донесување на правилна одлука
  • Усовршени лидерски способности
  • Креирање и спроведување на нов животен режим
  • Истрајност во постигнување на спортски или професионален триумф
  • Зацврстување на партнерска врска или врската со најблиските
  • Усовршување на родителски вештини

… а што не ?

  • Коучингот не е психотерапија, психологија, консалтинг, менторство…
  • Не советува, не учи, не лечи!
  • Не работи со болести, трауми и дијагнози.
  • Не е new age движење, секта, религија.
  • Не се повикува на виши сили и космички енергии.
Зошто функционира коучингот?

Постојат околу 47,500 професионални коучи во светот кои остваруваат годишен приход близу 2 милиони секоја година.

Зголемена продуктивност

Професионалниот коучинг јасно го таргетра максимизирачкиот потенцијалот и во овој процес ослободува скриени извори на продуктивност и ефикасност. Во срцето на коучингот е креативниот и мисловно провоцирачки процес кој ги подржува индивидуалците да продолжат во животот со нови идеи и алтернативни начини со голема еластичност наспроти растечката комплексност и несигурност.

0%

Подобрен работен перформанс

0%

Подобрен бизнис менаџмент

0%

Подобрен менаџмент на време

0%

Подобрена тимска ефикасност

Позитивни луѓе

Во време на несигурност предизвикана со редукција на работниот кадар и други фактори, очекувањата на луѓето остануваат високи. Враќањето на самодовербата и сигурноста за да се пресретнат предизвиците и работните обврски е клучно.

0%

Подобрена самодоверба

0%

Подобрени врски

0%

Подобрени комуникациски вештини

0%

Подобрен животен-деловен баланс

Враќање на инвестиција

Односот коуч/клиент генерира знаење и визија за идни чекори и посветеност при реализација на јасни и мерливи цели. Коучингот нуди задоволнително враќање на инвестицијата кај индивидуални киенти и исклучително враќање на инвестицијата кај компании.

0%

Индивидуалци кои постигнале враќање на својата инвестиција

0%

Компании кои постигнале враќање на своите инвестиции

Референца: ICF International Coaching Federation