Животот го сочинуваат малите работи, а малите работи се скриени во секојдневните животни активности.

Трчајќи по големи успеси, цели и резултати, забораваме на малите делови од мозаикот кои ја сочинуваат големата слика. Затоа повремено го губиме фокусот, па природно ни се наметнуваат прашањата: Дали сме на правиот пат? Што е она што вистински го посакуваме? Како ќе го постигнеме тоа?

Кога недостига фокусот недостига и посакуваниот резултат. Па често се случува да бараме изговори во домашните обврски, работниот статус, моменталната ситуација, шефот, времето кое брзо лета... Времето можеби лета, тече или поминува, но никогаш не се менува. Се менува само нашата моќ на усогласување на личната визија со нашиот животен тек.

ПланУМ претставува повеќе од едноставен планер на активности во текот на годината.
ПланУМ е моќна интерактивна алатка за унапредување на личните потенцијали.
Помага во кристализирање на посакуваните цели и во дефинирање на една детална мапа и план за нивна реализација.

Поттикнува планирање на иднината, размислувања за минатото и дејствување во сегашноста.

Ослободува креативност, поттикнува систематизираност и организација, иницира одговорност и акција.

ПланУМ е личен простор за сите ваши идеи, мисли, состаноци, средби, распореди, задачи, забелешки, цртежи, ислустрации, цели, соништа и сончиња... едноставно, сè што ќе ви падне на УМ.

ПланУМ дејствува како личен тренер кој го стимулира вашиот континуиран личен развој. Тој ви нуди уникатен, структуиран процес кој користи техники и вежби од методологијата за личен развој со фокус на решенија

Индивидуално решение за секој кој води грижа за својот личен и професионален напредок.
Од ученици и студенти кои амбициозно ја планираат својата иднина, до професионалци од различни области кои имаат збиен распоред и желба да го систематизираат френетичното секојдневие и да воведат ред во своите животи.

„Пишувањето е форма на експресивнa анализа која го користи чинот на пишување и обработката на пишаниот збор како терапија.“

Живееме во дигитална ера, но сепак кај сите нас постои исконска потреба да запишуваме ... мисли, идеи, планови, да скицираме, да подвлечеме, да илустрираме.
Пишувањето овозможува ослободување на енергија и потенцијали.
Пишувањето нуди уникатна можност за опсервација и согледување, за преглед на дадена ситуација и можност таа да се коригира или потврди и да се испланира понатамоша акција или дејствување.
Освен сето тоа, еднаш запишаната или илустрирана мисла нè прави поодговорни во процесот на нејзина креација и реализација.

ПЛАНУМ Е ПОДЕЛЕН ВО 5 СТАДИУМИ ПРЕКУ КОИ НУДИ СТРУКТУРА КОЈА Е ПРИСПОСОБЛИВА НА СПЕЦИФИКИТЕ НА КОРИСНИКОТ
И ДАВА СЛОБОДА ВО СОЗДАВАЊЕТО НА УНИКАТЕН ЛИЧЕН ПЛАН.

1. РЕАЛНОСТ - ПРОЦЕНА НА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА
Преку оваа вежба, наречена уште и „тркало на животот“, добиваме јасна слика за личниот баланс и за нивото на задоволство со одредени аспекти од нашите животи. Помага да одредиме каде сме сега и каде сакаме да бидеме. Дава насоки и помага при дефинирање на целта.
(детални инструкции пред секој месец)

2. ВИЗИЈА - Дефинирање на цел
Откако ќе ја процениме фактичката состојба, преоѓаме на дефинирање на оној сегмент од нашиот живот кој сакаме да го унапредиме. Го формулираме како цел, се потсетуваме зошто ни е значаен и ги предвидуваме во детали сите работи кои ќе ни помогнат тоа и да го реализираме (место, време, начин, потребни средства...)
(детални инструкции пред секој месец)

3. АКЦИЈА - План за реализација
Она што сме го зацртале како цел, сега го претвораме во акциски план и го пренесуваме во конкретни месечни, неделни и дневни чекори.
Месечен преглед: Оформете визија за претстојниот месец.
Со секој месечен план следува по еден предизвик. Веројатно тие се дел од вашата практика, но во овој случај имаат за цел да разбудат свесност и дополнителна одговорност за конкретната проблематика.
Неделен преглед: Важно е при пополнувањето на овие распореди да се биде што подетален и по можност да се издвојува до половина час при планирањето на секоја претстојна недела.
Одредете на што ќе го насочите фокусот во тековната недела и прегледајте го нивото на приоритетизација на секоја активност со тоа што ќе ја распределите во адекватното поле во матрицата на приоритети.

4. РЕФЛЕКСИЈА
По секој месец се прави рекапитулар на минатите случувања и се бележат или илустрираат сите наши идеи и размисли за претстојните акции. Одвојте до половина час да одговорите објективно на дадените прашања. Одговорите ќе ви дадат значаен увид и насоки што може да коригирате или подобрите во наредниот период.

5. VISION BOARD
Алатка која помага да ја видиме големата слика.
Се пополнува во континуитет преку собирање на фрагменти од секојдневието кои нè претставуваат нас, нашите вредности, идеали, цели... Може да се лепи, црта, запишува... преку цитати, слики, ситни предмети...

Достапно во книжарниците и сите продажни места на ТРИ.

Нарачки:

02/3245622

tri@kniga.com.mk

Планум ви се претставува.
Погледнете го видеото