Блог |September 4, 2015

Дали сте свој сопствен саботер или навивач? Теоријата за стравот од успех

Дали знаевте дека Дастин Хофман е коавтор на филмот Крамер против Крамер од 1979 година. Не? Тоа не е изненадување. Тоа беше добро чувана тајна со години. Всушност, актерот неодамна откри дека помогнал во пишувањето на филмот, набрзо по неговиот 77 роденден – три децении откако доби Оскар. Тој самиот одлучил да се минимизира инпутот кој го дал за овој филм.

Дастин бил инволвиран константно додека траел процесот на пишување на сценариото и никогаш не барал заслуга за тоа. За него тоа претставувало глупост. По завршувањето на филмот, режисерот сакал да му оддаде  јавно признание за неговото учество, но тој одбил. Отсекогаш заземал таков скромен став.

Истото се случува и со Тутси и со Rain Man, на чии драфт верзии бил коавтор.

Кај него постои еден елемент на одење против себе. Тој сугерира на неговата неподготвеност да земе заслуга за своите достигнувања, управувана од стравот од успех. Тоа е како обратно однесување во културата гладна за слава како што е Холивуд. Но зошто Дастин не сакал да му биде аплаудирано?

„Чувство на достоинство кога не се китиш со успех“, рекол еднаш во раните денови од својата кариера во Њујорк.

Многу амбициозни и креативни претприемачи, го прават истото и самите се виновни што не напредуваат. Иако нивото на скромност е позитивна особина, сепак може да биде индикатор за создавање на многу поголеми проблеми.

Зборот саботажа може да се дефинира како „Намерно уништување или деконструирање на нешто“ и кога станува збор за патот на професионалниот развој на една личност може да се појави во форма на одолговлекување, непосветување на внимание кон детали или „екстремна скромност“.

Зошто го правиме ова?

Една од можните теории е дека многу луѓе наоѓаат комфор во неуспехот.

Во својата книга: The Big Leap: Conquer Your Hidden Fear and Take Life to the Next Level, американскиот психолог Gay Hendricks пишува:

„Во секој од нас има внатрешен термостат, кој одредува во колку љубов, успех и креативност можеме да си дозволиме да уживаме. Во моментот кога ќе ја надминеме таа граница – со тоа што заработуваме повеќе пари, доживуваме повеќе љубов, си посветуваме повеќе внимание на себеси, несвесно сакаме да го исклучиме. Внатрешен глас во нас вели: „не можеш да се чувствуваш толку добро“ и така наоѓаме причина да се чувствуваме лошо.

Често пати сме во заблуда дека самодеструктивното однесување е управувано од стравот за неуспех, но токму спротивното може да е причината.

Американската писателка и филантроп Marianne Williamson вели дека нашиот најголем страв не е дека сме несоодветни или неспособни, нашиот најдлабок страв е дека сме моќни надвор од секоја мерка.

Добрата вест е дека постојат начини да се постигне мир со позитивен напредок.

Време е да се направи промена во вашиот ментален склоп и наместо да се подготвувате за најлошото, подготвувајте се за најдоброто.

Annabelle Drumm професионален коуч за креативни индустрии, смета дека голем број од нејзините клиенти како намерно да се  заглавени во расположението на  „лоша среќа“, и дека не се свесни  како позитивната промена и успесите можат да влијаат на нивниот начин на живот, семејството, пријателите, па дури и заедницата во која живеат.

Таа вели: „Кога ќе се одлучите да работите на проект, обидете  се да ја визуелизирате  крајната цел и вложете напор да ви донесе задоволство. Но, треба целосно вложување. Многу креативни луѓе започнуваат со ентузијазам, но се откажуваат  веднаш штом ќе наидат на првата пречка и влегуваат во нов проект.

Продуцентката и автор Елена Лернер, вели дека многу жени страдаат поради своето его. Тие не размислуваат доволно големо, не излегуваат надвор од рамките. Замислете што би се случило, доколку навистина имаме доволно голема визија за себеси. Да бидеме видливи и забележани, луѓето вистински да не познаваат, може да биде малку непријатно. Но, никако не смееме да бегаме од овој немир, од чувството на „тешкотија“ бидејќи тоа значи дека растеме.

Кога чекорите напред во вашата кариера, бидете особено внимателни на вашиот внатрешен монолог. Обраќајте внимание на вашиот внатрешен глас – дали тој ги минимизира вашите достигнувања, дали негативно влијае на вас, дали сте расеани и водени од идејата да се вклучите во нов проект?

Често пати многу претприемачи, несвесно се саботираат себеси, во моментот кога ќе дојдат до одредени приходи и оваа појава е многу почеста кај жените. Тие веруваат дека треба многу големо вложување за да се дојде до некое остварување или да се заработи за постигнатото, така што несвесно создаваат услови за исполнување на тоа верување, најчесто со претерано реагирање во одредена ситуација или со барање на аргументи.

Првиот чекор за надминување на оваа самодеструкција е свесноста за неа.

Постојат едноставни вежби за идентификување на таквото лимитирачко однесување.

Направете листа на сите оние нешта кои ги избегнувате или ги одложуваат вашите активности.

Можете да се фокусирате на вашиот внатрешен глас кој е насочен да ве води кон негативно однесување, внимателно да го слушате и потоа да направите репрограмирање на вашите мисли, за позитивно самоисполнувачко пророштво.

Ова може да го направите со едноставни техники за визуелизација. Замислете филмско платно пред вас и обидете се да се видите себеси како актер на некој иден состанок, настан (или се она што е важно за вашиот бизнис).

На екранот на вашиот живот, одиграјте ја вашата визија за успех, каде што ќе се чувствувате горди, поддржани, задоволни, а не непријатно, изолирано и сами.

Дали навистина сакате да си бидете свој најлош непријател? Тогаш променете го вашиот внатрешен саботер во навивач. Како што тоа го откри Дастин Хофман на 77 годишна возраст, Тогаш резултатите, ќе дојдат до вас со сигурност..