Блог |October 12, 2015

Преку коучинг до успешен менаџер во 7 чекори

Преку коучинг до успешен менаџер во 7 чекори

Многу  работодавачи,  еднаш годишно со своите вработени прават ревизија на тоа што е сработено. Во тој период се прават извештаи за мерење на капацитетите на вработените, за она што е добро сработено, се посветува внимание на оние области на кои треба да им се посвети поголемо внимание во иднина.

Но, што се случува во останатите 364 денови од годината?

Коучингот дава поинаков пристап за развој на потенцијалите на вработените.

Со техниките на  коучинг и преку процесот на постојано советување и менторство обезбедувате можност за раст и развој на вработените во компанијата, можност за постигнување на врвни резултати во текот на работата и поголема ефикасност.

Наместо да имате вработени кои работат механички и по автоматизам, кои се потпираат исклучиво на распоредот, можете да го трансформирате целиот процес на работа кој води кон постигнување на целите преку континуиран коучинг и менторство.

Ако се  решите да чекорите кон патеката на успехот, коучингот ќе биде прифатен како патоказ кој води кон него. Но, ако се решите тоа да го правите на  веќе утвредениот и „сигурен“ начин, тогаш вашите вработени може да се чувствуваат прекорено, предадено па дури и казнето.

Ако ги следите овие седум чекори, можете да создадете позитивна работна околина и да обезбедите позитивен feedback.

Чекор 1: Создадете врска на взаемна доверба

Основата на коучингот е вкоренета во секојдневната релација на менаџерите со своите вработени. Без одреден степен на доверба, невозможно е да се спроведе ефективен коучинг.

Чекор 2: Отворете го состанокот

Во отворањето на состанокот, важно е менаџерот да направи појаснување зошто истиот се оддржува притоа причината да не биде од оценувачка или санкционирачка причина. Клучот за успех е во спроведување на овој чекор кој преку пријателски  и неосудувачки пристап креира атмосфера на отвореност и подготвеност за за учење и превземање на одговорност.

Чекор 3: Утврдете го договорот
Најкритичниот чекор во спроведувањето на процесот на коучинг е добивањето на вербален feedback од вработените за тоа дека се соочуваат со реални проблеми во текот на секојдневното работење.

Избегнувањето на проблемите, поради претпоставка дека вработените го разбираат нивното значење е типична грешка на менаџерите. За да ги уверите своите вработени дека постојат проблеми во текот на секојдневното работење, менаџерот мора да биде во состојба да може да ја дефинира природата на проблемот и да го натера вработениот сам да ги препознае последиците од таквото работење. За да се спроведе ова, мора да се одреди соодветно однесување и да се специфицираат последиците.

За да ги одредите параметрите на соодветно однесување следете ги следните точки кои ја одредуваат вештината на однесувањето:

  1. Вадете цитати од конкретни примери поврзани со извршувањето на задачите;
  2. Појаснете ги своите очекувања од перформансот во одредена ситуација;
  3. Постигнете договор со вработениот за решавање на одреден проблем;

Вештината за појаснување на последиците се состои од два дела. Посветите внимание на следново:

  1. Обидете се да ги натерате вашите вработени да го артикулираат нивното разбирање за последиците поврзани со проблемите во перформансот;
  2. Обезбедете договор со вработените во однос на решавање на проблемите.

Чекор број 4: Истражувајте алтернативи

Истражете начини кои може да се подобрат резултатите преку идентификување на алтернативни решенија. Избегнувајте да сугерирате Ваши решенија, освен ако вработениот не е во можност да произнесе свои. Обидете се да добиете што повеќе алтернативи, но не и за генерализација. Вашата цел во оваа фаза, не е да ја одберете вистинската алтернатива, туку да го максимизирате изборот кој ќе го понудат вработените и да ги поттикнете да ги анализираат нивните предности и недостатоци.

Овој процес бара вештини за интервенција и продлабочување. Вашата улога е да им дадете на Вашите вработени признание за нивните предлози, да разговарате за предностите и недостатоците, да барате дополнителни чекори кои би можеле да се превземат и да ги прашате како би го решиле проблемoт кој го дискутираат.

Чекор број 5: Дејствувајте со посветеност

Овој  чекор им помага на вработените да одберат алтернатива. Не правете вие избор за своите вработени. За да може да дојде до остварување на она што е прикажано во овој чекор, менаџерот мора да биде сигурен во тоа дека ќе добие вербална посветеност од вработениот за тоа која акција ќе биде спроведена и кога ќе биде спроведена. Бидете сигурни во тоа дека го поддржувате изборот на вашите вработени и им дадете пофалба и признание за сработеното.

Чекор број 6: Справете се со изговорите
Изговорите на вработените може да се појават во било која точка  во текот на процесот на коучинг. За да можете да се справите со изговорите, направете преформулација на коментарите и изјавите, за да може вработениот даго преиспита своето однесување и да почне да работи на неговото подобрување. Покажете чувство на емпатија за да покажете поддршка, комуницирајте со своите вработени, покажете разбирање и уважувајте ги нивните коментари и забелешки.

Чекор број 7: Обезбедете Feedback

Ефективните коучи ја разбираат вредноста и важноста од давање на континуиран feedback за перформансот на нивните вработени, без разлика на тоа дали е позитивен или негативен.

Има неколку критични точки кои треба да се запомнат кога им даваме feedback на другите. Feedback – от треба:

  • Да се даде во вистинско време. Најчесто после секоја интеракција, испорака или истражување
  • Бидете прецизни.Изјавите како: „Заврши добра работа“ или „Не се грижиш доволно за клиентите“ се нејасни и не даваат доволно информации за однесувањето кое сакате да го видите или промените. Конкретизирајте го проблемот.
  • Фокусирајте се на „Што“, а не на „Зошто
  • Избегнувајте feedback ако тој е во форма на осуда. Почнете со „Jас забележав“ или „Jас видов“ a, потоа реферирајте за однесувањето. Фокусирајте се на однесувањето, а не на личноста. Опишете што сте слушнале и виделе и како тоа однесување влијае на тимот, клиентите итн.
  • Користете искрен тон на гласот. Избегнувајте тон кој покажува лутина, фрустрации, разочарување или сарказам

Позитивниот Feedback ја зајакнува ефикасноста при работењетo.  Вработените природно ќе изодат екстра пат ако се чувствуваат препознаено и ценето. Кога нема соодветен feedback се создава плодна почва за конфликти. Правилниот пристап кон луѓето, води до позитивни ефекти , неминовно и до ефективност во нивната работа и успех во крајните резултати.