Новости |April 6, 2016

„Автентично женско лидерство“ 26 април II циклус

Поради уникатниот пристап со кој беше обработена темата „Автентично женско лидерство“  и позитивните искуства на посетителите на првата обука, во чиј фокус беше адресирањето на специфичните предизвици на жените на високи раководни позиции, се генерираше огромен интерес за формирање на уште една група.

Затоа, на Ваше барање организираме втор циклус од средбата на успешни жени со нескротлив порив за континуирана лична и професионална надградба. Испланирајте 8 часа ефективно учење и дружење и станете дел од мрежа на жени со огромен потенцијал!