Новости |April 11, 2016

II серијал професионална обука „Менаџер како коуч“ 11 и 12 мај

Моментис со гордост Ви го најавува II серијал од професионалната обука „Менаџер како коуч“ која ќе се одржи на 11 и 12 мај во Хотел Сити парк.

„Менаџер како коуч“ претставува обука за новата генерација на менаџери, раководители на сектори, сопственици на претпријатија кои чувствуваат потреба за подобрување на својата ефективност и влијание во компанијата.

 Обуката нуди уникатна можност за усвојување на:

 – Нов сет на менаџерски знаења и вештини

– Поефективно справување со комплексноста на работните обврски

– Воспоставување на современ менаџерски стил кој ќе наметне влијание

– Подобрување на комуникацијата во тимот

– Градење на доверба

– Зголемување на нивото на работна ангажираност

– Поставување на јасни цели и воспоставување на одговорност за нивно извршување

– Зголемување на личната самодоверба и сатисфакција

 Дополнително следува:

 – Follow up коучинг сесија за сите учесници на обуката

– Сертификат за завршена обука

Краен рок за пријави до 4 мај.

 За пријави до 22 април, следува попуст од 10%.