Press corner|May 23, 2016

КОУЧИНГ – МЕТОДОЛОГИЈА КОЈА ГО ОСВОЈУВА СВЕТОТ

Извор: Focus.mk

kouching-aleksandra-620x404

Kоучингот најдобро функционира со оние личности кои  секогаш се стремат да постигнат повеќе. Tаквите поединци но и компании најчесто знаат што сакаат и за нив не постојат проблеми туку исклучиво предизвици, кои доколку правилно се постават и решат, овозможуваат простор за натамошен напредок.

Александра Шаровиќ – Атанасовска, Професионален коуч и основач на MOMENTIS coaching & development http://www.momentis.mk/

Верувам сте слушнале како во Вашето опкружување се говорело за “коучинг” како нечие туѓо искуство, некаде далеку од тука. Можеби сте го сретнале поимот сосема случајно во некое од изданијата на Forbes или Harvard Business Review, ве заинтригирал и сте ја побарале дефиницијата за професијата која зема се поголем замав, посебно во сферата на личниот и професионалниот развој.

Водечката глобална коучинг федерација и професионална асоцијација за коучи ICF (International Coach Federation) го дефинира коучингот како “партнерство помеѓу клиентот и коучот во мисловно провоцирачки и креативен процес кој го инспирира клиентот да ги максимизира своите лични и професионални потенцијали”.

Но како се толкува општата дефинција на терминот, кои се можните полиња на примена на оваа методологија и каков е профилот на корисниците на коучинг услугите.

Она што го научив во периодот додека љубопитно истражував за коучингот (без разлика што тоа сеуште го правам, со истата љубопитност како и првиот ден) е дека оваа професија неминовно бара компаративно вреднување и строга дистинкција кога станува збор за нејзината примeнa, пред се’ поради фактот што постојат сличности со на неа сродни професии.

Што може да очекуваме од коучингот:

 kouching1

 … а што не ?!

Коучингот не е психотерапија, психологија, консалтинг, менторство.

Не советува, не учи, не лечи.

Не работи со болести, трауми и дијагнози.

Не е new age движење, секта, религија.

Не се повикува на виши сили и космички енергии.

Кога вака воочливо се поставуваат својствата на коучингот, логичен е заклучокот дека истиот е брз и ефикасен начин за постигнување на резултати. Клиентот, преку структуиран разговор, помогнат со конкретни алатки и техники, наместо да се концентрира на минати искуства или причини за актуелни состојби, како што тоа го прави терапијата, се придвижува кон посакуваната цел. До целта стигнува преку конкретни чекори кои водат до фундаментални промени во став, однесување и навики што ја прави коучинг методологијата ориентирана кон акција или делување. Токму оваа карактеристика пак го прави коучингот неодoлив за современите корпоративни култури на големите светски компании. Предводниците на овие интернационални корпорации нужно ја применуваат коучинг техниката во секојдневното работење, со цел да ја унапредат комуникација со своите тимови како и да ја утрврдат позицијата на секогаш иновативни и резонантни лидери. По својата функција, коучингот е најсличен на консалтингот. Меѓутоа, разликата е во тоа што во процесот на консалтингот се добиваат готови решенија, додека во коучинг процесот, клинетот сам доаѓа до најповолните решенија за себе.

Но што е она што ги прави коучите толку потребни во секојдневното современо живеење?

kouching12

Коучите се експерти во процесот на менување на шеми во размислувањето и однесувањето.

Не ретко сме се наоѓале во ситуации во кои сакаме да постигнеме одреден резултат, на приватен или професионален план, но мотивацијата да останеме истрајни на патот до успехот губела од својот интензитет.

Задача на коучот e јасно и непристрасно да го подржи клиентот при поставувањето на конкретни цели, креирањето на решенија и менаџирањето на личните промени, комплетно верувајќи на неговите квалитети и способности.

Доколку довербата во клиентот е толку силна, спонтано се наметнува прашањето дали секој може да биде клиент ?

Коучингот најдобро функционира со оние личности кои  секогаш се стремат да постигнат повеќе. Tаквите поединци но и компании најчесто знаат што сакаат и за нив не постојат проблеми туку исклучиво предизвици, кои доколку правилно се постават и решат, овозможуваат простор за натамошен напредок.

Вербата дека можат да растат и позитивно да се развиваат ги прави овие клиенти смели и подготвени за нови предизвици и промени, а коучинг процесот се одвива лесно и ја постигнува посакуваната цел.

Затоа, кога се обидувам да го дефинирам коучингот во форма на “elevator pitch”, во кратки црти нагласувам дека истиот е стратегија на храбрите во постигнување на ВРВНИ резултати.

Press corner|May 23, 2016

Поттикнување на скриените потенцијали

Извор: Dnevnik.mk

04384B5BCF4E84449BA60E1460B4B958Сето тоа го реализира преку својата компанија “Моментис”, која како што вели е резултат на лична промена на перспективата и пренасочување на фокусот од потреба за удобност и сигурност во лична слобода и исполнетост.

– Визијата во почеток беше од малку себична природа. Ми требаше работна ангажираност, која ќе биде компромис помеѓу професија која ќе може истовремено да поттикнува и страст и одговорност. Токму овие два фактора се одговорни за повеќето претприемачки проекти. Ако не овие, тогаш девизата да се избегнат 40-те работни часа неделно – вели таа. Според Александра, интересно е сознанието дека бројот на работни часа не се товар, туку визијата за нив.

– Доколку таа не ни е блиска и значајна, тогаш и 20 работни часа се премногу. Форматот на работа во самостоен бизнис е можеби и двојно поголем, но слободата за планирање и креирање агенда приспособена на личниот стил на функционирање е клучната разлика – вели таа.

Главен мотив за да ја основа компанијата е личната реализација и ослободување на задушените потенцијали.

Многу бргу, оваа визија, доби хумана, но и комерцијална димензија. Отвори пат кон поголема слика или пресликување на процесот на осамостојување и развој на други луѓе, но во структурирана форма. Велам луѓе, а не луѓе и организации зошто луѓето се и организации и компании и продавници и марки. Тие се општества, идеологии и култури. “Моментис” работи со нив на индивидуална или на тимска основа и преку нив допира до поголеми и организирани структури. Целта е суштинска промена на перспектива и креирање нови и поефикасни начини на размислување и дејствување кои развиваат здрава и современа корпоративна култура и култура на живеење. Kомпанијата “Моментис” работи според акредитирана тренинг- програма за коучинг ACTP (Acredited Coaching Program) од Меѓународната коучинг-федерација ICF, која го задоволува таканаречениот златен стандард на коучингот.

Освен креативност и хуманост, Шаровиќ-Атанасовска ја карактеризира и упорност:

– И покрај повеќето гласови на сомнеж, не верувам дека идејата е неоснована или дека работата ќе биде макотрпна. Свесна сум дека работата е процес и дека успехот нема да се случи прекуноќ. Но сакам предизвици и непоправливо верувам во промени…и во луѓе. Kако што ни асистираат во процесот на креирање здрав живот преку правилна исхрана и редовно практикување физички вежби, овој процес на личен напредок не зајакнува ментално. Не прави комплетно свесни за личните способности, ги редефинира нашите цели и секако, можеби најбитното, не одржува одговорни на патот до нивна конечна реализација – вели Шаровиќ-Атанасовска.

Ова ја однело во светот на коучингот (тренинг за личен развој).

Со оваа професија се сретнала пред пет години. Веднаш ја привлекла пред се поради примената.

– Системското проучување на психичките процеси и особини, отсекогаш ми било интересно, но психологијата сум ја доживувала како малку применлива научна диспиплина која освен сознанија, не нуди решенија што адресираат конкретни потреби, предизвици или проблеми. Kоучинот, пак, од друга страна е моќна методолигија на работа бидејќи располага со практични алатки и техники за личен развој, кои наместо да “копаат” по причините за одредени ситуации, се фокусираат на конкретни решенија и планови за идни посакаувани цели. Во работата го следи личното чувствство. Тоа е под влијание на безброј интересни корпоративни и мали бизнис-модели во светот. Можностите се огромни и тоа е она што навистина ми се допаѓа во коучингот од поглед на “бизнис дивелопмент”. Остава простор за креативен печат – вели таа.

55953D2C24EE4F41870A9931B1BE5706

Работи според свој модел базиран на претходно истражување на потребните карактеристики за клиентот.

– Секој копиран модел на работа би бил погрешен зошто станува збор за поинакви менталитети и ниво на свесност. Америка, но и Англија и Kанада ја имаат доведено услугата до ниво на уметност, но тука зборуваме за развиени пазари каде што постои сегментација на типови на коучинг, толку детаљно што може да сретнете – експерти за коучинг за различни области – мотивација, кариера, лидерство, перформанс, родителство, па дури и љубов.

– За кусо време понудата предизвикала интерес кај клиенти со меѓународен карактер. Претпоставувам поради претходни сознанија за придобивките од неговата имплементација. За коучингот допрва ќе има интерес и кај локалните компании или поединци, но ќе треба време и трпение. Изложени сме секојднево на огромен број информации. Доволно е да го вклучиме системот за филтрација за да избереме позитивни трендови, без да чекаме да поминеме време на дестигматизација на нешто што веќе 20 години наназад претставува позитивна пракса во светот. За клиентите кои ќе ја разберат намената, одлуката да почнат една ваква професионална врска ќе биде повеќе од оправдана.

ЛИЧНИОТ KОНТАKТ Е ПРЕСУДЕН

– Kоучингот е личен по дефиниција. Персонализирано решение, креирано според потреба на клиентот. Тоа го прави коучингот ефикасен. Не е готов производ, туку приспособлив модел кој на индивидуално ниво се спроведува во формат еден на еден. Освен на овој начин, сличен ефект може да се постигне и во тимска работа, преку отворени тренинг-работилници, кои на едно место обединуваат луѓе со исти интереси, а преку конкретни техники работат на различни теми за личен или професионален развој. “Моментис” е во подготовка на повеќе вакви отворени тренинзи и со нетрпение чекам да го најавам првиот – вели таа.

Според неа, потребни се одредени услови за да се оствари успешна коучинг-врска. Пред се, клиентот треба доброволно да ја иницира, да е детерминиран во процесот и можеби најважното да нема психички дијагнози, кои ќе ја отежнат поточно ќе ја онеспособат работата. Ова се однесува на индивидуалниот тренинг за личен развој (коучинг). Kога станува збор за корпоративна работа, повеќето компании се свесни за тоа како работната ангажираност на нивните вработени директно влијае на успехот и во крајна линија профитот на самата компанија. Затоа, наша работа е да им понудиме услуги и решенија кои директно го адресираат нивото на ангажираност и работат на негово зголемување преку соодветни тренинг-програми.

БРЗ И ЕФИKАСЕН НАЧИН НА ПОСТИГНУВАЊЕ РЕЗУЛТАТИ

Методологијата според која работи “Моментис” е најефикасниот пристап за работа во коучингот денес, познат како коучинг фокусиран кон решенија и претставува брз и ефикасен начин за постигнување резултати, причина поради која е се попопуларен во бизнис-светот денес.

Светлана K. Симоновска

Press corner|May 23, 2016

Коучингот е механизам за максимизирање на личните и професионални потенцијали

Извор: Inovativnost.mk

Sandra-Sharovic-253x300Александра Шаровиќ Атанасовска е професионален коуч и основач на компанијата Momentis coaching & development, која испорачува индивидуални и организациски, трансформациски промени. Поводот за ова интервју е промотивниот настан кој на тема „Менаџер како коуч“ ќе го одржи Momentis на 12 ноември во Стопанска комора на Македонија и првaтa отворенa oбука на 2 и 3 декември годинава во Скопје

 (Разговараше- Верица Јорданова)

 

– Што всушност значи коучинг, што е релативно нов термин кај нас?

Коучингот е релативно нова професија кај нас, но во глобални рамки за прв пат како независна дисциплина се етаблирa во деведесетите години од минатиот век. Од тогаш па наваму се развива како методологија за личен и професионален развој која наоѓа подеднакво практична примена и на двете полиња.

Генералната дефиниција која произлегува од водечката глобална коучинг федерација и професионална асоцијација за коучи, e дека „коучингот е партнерство помеѓу клиентот и коучот во мисловно провоцирачки и креативен процес преку кој се максимизираaт личните и професионалните потенцијали”.

Мојата дефиниција е дека коучингот е отпор кон задушени потенцијали. Веќе одамна сме навлезени во ера во која огромен процент од работната сила и припаѓа на таканаречената категорија на умствени работници. Оваа категорија на луѓе трага по суштина и цел. Јa бара визијата зад секојдневните работни процеси преку кои сака да креира позитивен импакт врз околината. Со оваа категорија на луѓе, старите принципи на „наредувај“ и контролирај“ не функционираат и водат до се повисок процент на “пасивни” работници.

Коучингот во корпоративни рамки претставува методологија на работа која ги адресира предизвиците на модерното време. Преку структуиран процес помогнат од конкретни коучинг техники и алатки на работа, се унапредува личниот и развојот на вработените, ослободувајќи скриени потенцијали и ресурси кои водат до позитивни трансформациски промени.

Зошто на една компанија би и бил потребен коучинг, и на кои компании од Вашето искуство им е најпотребна оваа услуга?

Секогаш кога имаме хиерархиска структура каде на раководната позицијa се наоѓа професионалeц чија функција е да овозможи услови за профитабилно работење, има потреба од коучинг. Што во превод би значело речиси секогаш. Зошто? Зaтоа што менаџирањето по дефиниција е процес на остварување на задачи преку работата na другите. Често во трката по бројки и проценти неправедно се занемарува човечкиот фактор и неговото неспорно влијание на крајниот резултат. Oсвен стручнoст, корпоративната динамика денес наложува и одреден сет на лични вештини и способности кои традиционалниот пристап на формална едукација не може да ги опфати. Потребно е многу повеќе од експертиза за да се биде успешен менаџер. Позицијата сама по себе не гарантира авторитет, лидерство, личен пример и мотивација, а ова се клучните фактори кои допринесуваат за здрава корпоративна култура во која човечкиот капитал работи со полн капацитет.

Потребата од коучинг не е знак на аномалија, туку на свесност. Свесност дека постојат можности и ресурси преку кои директно можеме да влијаеме на ефективноста на работниот процес. Секогаш можеме подобро доколку знаеме како. Коучингот е фокусиран на “КАКО”. Како може да се унапреди работата, а не зошто таа не функционира. Доколку е применет во работен контекст,  овој Сократовски метод на позитивно предизвикување воден преку прашања им овозможува на вработените самите да генерираат решениja и патем да се стекнат со практично знаење, кое ќе им ја зајакне самодовербата и одгoворноста а ќе вреди повеќе oд било кои други кои ќе ги добијат на готово, без разлика колку се брилијантни.

Преку коучингот поттикнуваме самостојно размислување. При работењето со готови решенија, менаџерот прави долгорочна штета и на самиот себе си и на вработениот и на компанијата. Taка прво се ослабнува способноста и самодовербата на вработениот самиот да се справува и да решава работни предизвици. Второ, се испушта можноста да се научат луѓето самостојно да размислуваат и донесуваат одлуки. И на крајот, менаџментот се “трупа” со повеќе секојдневни обврски, наместо да се фокусира на растот и развојот на бизнисот.

Потребата за коучинг од искуство ја препознаваат поголемите компании, голем дел меѓународни кај кои истата се наметнува како позитивна пракса од самите седишта на компаниите. Но тоа не значи дека за локалните или помали компании не треба оваа докажана пракса да е само поттик да го усвојат коучингот како дел од својот менаџерски стил. Toj претставува компетенција плус која наметнува дополнителен сет на знаења и вештини преку кои менаџерот како коуч ќе може да ги мотивира, да ги ослободи и одржува одговорни своите вработени во реализацијата на зацртаните цели.

Можеме ли посликовито да им објасниме на менаџерите што значи/што подразбира да имаат коуч?

Постоjат повеќе различни начини на кои може да се спроведе еден коучинг процес и тоа секогаш зависи од потребите и обемот на работа.  „Моментис„ своите услуги ги има систематизирано по принцип на индивидуална и тимска работа. Индвидуалната работа се спроведува преку сесии во формат 1:1 и се однесуваaт на поединци кои сакаат да унапредaт лични аспекти од животот или на високо раководен кадар во кој компанијата препознава лидерски потенцијал и инвестира со цел да креира континуитет во процесот на унапредување на клучните компетенции и позитивни страни. Koристењето на овој тип на услуга е дестигматизиран во целост, бидејќи не постои коучинг доколку не постои цел. А целите се карактеристични за реализирани и докажани индивидуи.

За време на еден коучинг процес, целиот фокус е на клиентот. Со огромна почит кон неговите знаења и вештини се креира секогаш уникатен пристап на работа кој се спроведува со докажанитe техники кои произлегуваат од коучинг методологијата со пристап ориентиран кон решенија. Се работи на постигнување на договор околу посакуваната цел. Кога e таа јасно дефинирана се истражуваат можностите и планот за реализација притоа имајќи ги предвид сите “можни сценарија”. Откако планот е детализиран се преоѓа на реализација, која како фаза, најчесто е и најголем предизвик. Коучот тука ја игра клучната улога бидејќи го одржува одговорен и мотивиран клиентот да остане истраен на патот до финалната реализација и конкретниот резултат.

Тимската работа, од друга страна, има за цел да обедини на едно место поединци со заеднички интереси и исти или слични цели.

Предноста на тимските работилници е во синергијата и ентузијазмот на групата кои воспоставуваат позитивна и конструктивна атмосферата на учење и надоградување. Моментис истите ги реализира во рамки на фирми или како отворени работилници.

Следната недела имате промотивен настан и потоа во декември обука на оваа тема? Кој се може да дојде на настанот и што ќе се случува таму?

На 12 ноември, во четврток, со почеток од 14ч. во просториите на Стопанска комора на Македонија ќе одржиме двочасовeн промотивен настан на тема „Менаџер како коуч“.  Предавањето е воедно и најава за првaтa отворенa oбука од ваков карактер кај нас, којa ќе се случи на 2 и 3 декември годинава.

Предавањето има за цел да ја предочи потребата од нов раководен стил што природно му се наметнува на менаџерскиот кадар кој работи со таканаречената категорија на “умствени работници” и да направи осврт на придобивките од коучингот.

Предавањето и oбуката по него, се однесува на менаџери, лидери, професионалци од областа на менаџмент со човеки ресурси, сопственици на претпријатија, како и на сите оние кои чувствуваат потреба од зајакнување на лидерска позиција со цел да ја подобрат ефективноста и своето влијание во рамки на организацијата/тимот. Повеќе информации на info@momentis.mk и www.momentis.mk.

 За MOMENTIS

MOMENTIS c&d_Logo_ 2015MOMENTIS е компанија која испорачува индивидуални и организациски, трансформациски промени. Работи според aкредитирана тренинг програма за коучинг ACTP (Accredited Coaching Training Program) од Меѓународната коучинг федерација ICF која го задоволува таканаречениот златен стандард на коучингот.

Методологијата зад MOMENTIS е најефикасниот пристап за работа во коучингот денес, познат како коучинг фокусиран кон решенија и претставува брз и ефикасен начин за постигнување на резултати, Водејќи се според оваа методологија, креираме авторски тренинг програми кои се групирани во неколку категории со цел да одговорат на различните потреби на индивидуалци и компании а можат да бидат реализирани со локални или професионални коучи и тренери од  регионот.